КУЧИЊАТА КАСААТ: Две лица каснати СО РАНИ во Капиштец и на Партизанска

8.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КУЧИЊАТА КАСААТ: Две лица каснати СО РАНИ во Капиштец и на Партизанска

Во текот на вчерашниот ден, две лица пријавилe случаи со каснати граѓани од кучиња скитници во главниот град.

Напладне во Полициската станица Центар, О.Ф. (50) од Скопје пријавил дека на ул. „Капиштец“ бил каснат од куче скинтник во пределот на левата нога.

Синоќа пак во Полициската станица Карпош, Б.Б. (45) од Скопје пријавил дека на булевар „Партизански одреди“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата