Иако се појави на пазарот кон крајот на мај годинава Nikon Z8 е најбарана и напродавана фото/видео камера во Јапонија и најпродавана меѓу фотопаратите од повисока класа на Амазон! Осве тоа, има највисоки оценки и рецензии во однос на конкурентските фото апарати од Sony, како соодветниот конкрент Sony a7R V и Canon R5.
“Nikon со Nikon Z8 уште еднаш изненади многумина, вклучително и нас, со тоа што не само што објави толку способна камера, туку и даде цена (4.000 долари) која е на исто ниво со неговите главни ривали.
Sony A7R V е помалку сеопфатна хибридна камера од Z8, можеби подобро прилагодена за фотографирање со неверојатниот визир, механичка бленда и поголем број на мегапиксели.
И покрај тоа што е 3 години постар, Canon EOS R5 сè уште е конкурентен производ кој сè уште вреди да се размисли, но не може баш да се мери со новиот Z8“, се вели во рецензијата на прeстижниот експертски портал <a href="https://www.photographyblog.com/reviews/nikon_z8_review#conclusion">Фотографиблог</a>.
Во рецензиите на другите референтни портали Nikon Z8 се оценува како најдобра фотокамера во светот денес, во својата ценовна класа за врвните фото апарати, наследник на најдобриот класичен фотоапарат во минатата деценија, Nikon D850, и модел за кој се очекува дека го враќа Никон на врвот меѓу професионалците и корисниците кои ја сакаат фотографијата и создаваат моменти од животот кои се паметат и чуваат.
Еве ја листата на најпродавани фотоапарати во Јапонија во Мај/Јуни 2023-та година:
Nikon Z8 е најпродаваната камера за втората половина на мај и првата половина на јуни според Yodobashi Camera во Јапонија. Yodobashi Camera е четвртиот најголем јапонски трговец на мало и ги известува податоците за продажбата на камерите на секои две недели.
Никон има три камери во топ 10, а новиот Nikon Z8 е најпродаваниот фотоапарат за прв пат, и со најбрз раст на прво место во проажбата во последнава деценија. Sony има четири камери во првите 10, а Canon три. Фуџи и Панасоник ги загубија своите места во Топ 10.
Yodobashi Топ 10 продажба на фотоапарати
Nikon Z 8
Sony α7 IV
Nikon Z 9
Sony a7 IV комплет со објектив
Sony a7R V
EOS R50 од Canon комплет со објектив
Sony FX3
Canon EOS R6 Mark II & RF24-105 L IS USM
Nikon Z fc & 16-50 VR SL
Canon EOS R6 Mark II
Во Македонија Nikon Z 8 се продава во специјализираниот салон на <a href="https://www.pixplus.com.mk/">Пикс Плус Скопје</a>.