Huawei Mate Xs 2, дефинитивно го надмина Самсунг

21.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Huawei Mate Xs 2, дефинитивно го надмина Самсунг

Huawei Mate Xs2 официјално дебитираше минатиот месец на кинескиот пазар, а сега е објавен и за светскиот пазар.

Телефонот користи дизајн „Falcon Wing“ и се преклопува нанадвор. Ова овозможува да не се формираат набори на екранот. Куќиштето на телефонот „Mate Xs 2“ е направено од легура на титаниум, а користи и лесен фиберглас и челик. Телефонот е тенок само 5,4 мм кога е расклопен и тежи 255 грама.

Екранот на телефонот „Mate Xs 2“ има големина од 6,5 инчи кога е преклопен или 7,8 инчи кога е расклопен. Панелот е од типот „OLED“ со 2.480 x 2.200 пиксели во отворена и 2.480 x 1.176 пиксели во преклопена состојба. Екранот има стапка на освежување од 120 Hz.

Телефонот користи „Snapdragon 888 4G“ чипсет, како и „Adreno 660 GPU“, а е достапен во една варијанта кога станува збор за меморија и простор за складирање: 8GB + 512GB. Можно е да се прошири просторот за уште 256 GB преку мемориска картичка „Huawei Nano“.

Батеријата од 4.600 mAh има поддршка за брзо полнење од 66 W. „Huawei“ тврди дека споменатиот полнач може да ја наполни батеријата до 90% за половина час.

„Mate Xs 2“ има поддршка за паметното пенкало „Huawei M-Pen 2s Stylus“, кое има батерија од 82 mAh, може да пишува континуирано 10 часа и трае до 40 дена во режим на подготвеност. Пенкалото користи „Bluetooth 5“.

Во полето на камерата, телефонот користи главен сензор од 50 MP на задната страна, ултра широка камера од 13 MP и телефото сензор од 8 MP. На предната страна има селфи камера од 10,7 MP.

„Huawei Mate Xs 2“ ќе се продава на глобално ниво по цена од 1.999 евра, за 8GB + 512GB. Ќе биде достапен од јуни во црна, бела и виолетова боја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата