Зохран Мамдани води на прелиминарните избори за градоначалник на Њујорк

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зохран Мамдани води на прелиминарните избори за градоначалник на Њујорк

Поранешниот гувернер на американската држава Њујорк, Ендру Куомо, го призна поразот на прелиминарните избори меѓу Демократите за градоначалник на Њујорк од пратеникот во државниот парламент Зохран Мамдани,кој доколку биде избран ќе биде првиот муслимански градоначалник и првиот градоначалник со индиско потекло што ќе го предводи најголемиот американски град...

Од пребројани 93 отсто од гласовите во првиот круг од прелиминарните избори, Мамдани има 43 отсто од гласовите, а Куомо има 36 отсто... Зборувајќи пред поддржувачите кратко по полноќ, Мамдани рече дека со неговата победа е „запишана историја“....

Во обраќањето тој вети дека ќе ги отфрли политиките на претседателот Доналд Трамп и „ќе го управува градот како модел за демократската партија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата