Кандидатот за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, денеска изјави дека не е исплашен од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го намали федералниот буџет за Њујорк доколку неговиот фаворит, поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо, не победи на изборите за градоначалник.
„Ќе ги третирам неговите закани како што заслужуваат, како зборови на претседателот, а не нужно закон на земјата, а премногу често се однесуваме кон сè што тој ќе каже врз основа на тоа кој го кажува како да е веќе закон“, рече Мамдани по гласањето на изборите во Њујорк.
Трамп вчера изјави дека би можел да ги намали федералните средства за градот Њујорк доколку демократскиот кандидат Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник и изјави дека би сакал да го поддржи поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, наместо Мамдани.
Трамп го нарече Мамдани „комунист“ во интервју за Си-Би-Ес и додаде дека, иако не е „обожавател“ на Куомо, во случај на избор помеѓу „лош демократ и комунист“, секогаш би го избрал „лошиот демократ“.

