Жителите на Охајо во паника: Слушнале експлозија, а потоа и потрес (ВИДЕО)

17.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жителите на Охајо во паника: Слушнале експлозија, а потоа и потрес (ВИДЕО)

„Не добивме никакви информации дека нешто всушност ја погодило земјата“, рече метеорологот Брајан Мичел.

Дали изгорело во атмосферата?

Тој рече дека сателитските снимки од околу 9 часот наутро покажале настан сличен на молња, иако немало гром во областа, што дополнително ја поддржува идејата дека метеор бил причината.

Според него, метеорот изгорел во атмосферата пред да стигне до земјата.

Жителите низ североисточен Охајо пријавиле дека го слушнале и почувствувале силниот удар, кој потресол многу домови и ги вознемирил домашните миленици.

Снимки на социјалните медиуми

За кратко време, голем број луѓе почнале да споделуваат снимки од падот на метеорот на социјалните медиуми.

Во некои градови, локалните власти испратиле пораки до граѓаните, наведувајќи дека се свесни за ситуацијата, но дека немаат конкретни информации.

Тие исто така ги повикале луѓето да не го преоптоваруваат бројот за итни случаи со повици.

„Сонички бум“

Според сведоштва на граѓани, потресот бил почувствуван во неколку градови.

Корисниците на социјалната мрежа Reddit, исто така, објавија дека низ целиот северен Охајо се слушнал силен звук.

Професорот Ралф Харви од Универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ изјави дека самиот го слушнал звучниот бум и дека верува оти најверојатно станува збор за метеор што експлодирал во атмосферата.

Тој додаде дека сè уште не е познато дали некои делови од метеорот стигнале до земјата и дека научниците ќе анализираат радарски и други податоци за да ја утврдат големината на објектот, неговата брзина и потенцијалната траекторија.

„Ако сè се случило над езерото Ири, веројатно е дека никој нема да може да ги пронајде остатоците од метеорот“, рече професорот Харви.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата