Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март

27.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март

- Денеска повеќепати разговарав со (секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина) Рустем Умеров, (членот на преговарачкиот тим на Украина) Давид Арахамија и претставниците на претседателот на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, по нивните денешни состаноци – рече синоќа Зеленски.

Тој истакна дека сега постои поголема подготвеност за следниот трилатерален формат.

- Најверојатно следниот состанок ќе биде во Емиратите, во Абу Даби, на почетокот на март. Целта е да се финализира сè што е постигнато заради реални гаранции за безбедноста и да се подготви состанок на ниво на лидери – нагласи Зеленски.

Претседателот на Украина кажа дека токму состаноците на лидерите можат да донесат клучни одлуки, особено во случајот со Русија и нејзиниот, како што наведе, „персонализиран режим“.

- Војната мора да заврши, тоа е ставот на Украина и на сите наши партнери – истакна тој.

Зеленски додаде дека во моментов не постои подготвеност на Русија за мир, ниту какви било знаци дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ги запира воените операции. Во тој контекст, како што наведе, САД и Европската унија водат разговори за форматите за притисок врз Русија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата