Зеленски потпиша амандмани на законот за договорот за ретки минерали со САД

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски потпиша амандмани на законот за договорот за ретки минерали со САД

 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потпиша законот за измени на буџетскиот закон во врска со спроведувањето на договорот со САД за создавање на Американско-украински инвестициски фонд за обнова, објавено е на веб-страницата на украинскиот парламент.

Законот има за цел да обезбеди правилно спроведување на ратификуваниот договор и да воведе механизам за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Украина и САД за долгорочна реконструкција и модернизација на Украина како одговор на големите уништувања предизвикани од Русија, пренесе Укринформ.

Според условите, придонесот на Украина ќе се состои од половина од средствата добиени по стапувањето во сила на договорот, од закупнини за експлоатација на минерали (нафта, гас, гасен кондензат …) од нови лиценци, издавање нови посебни дозволи за користење на ретки минерали и продажба на државниот дел од производството во рамките на новите договори за поделба на производството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата