Зеленски по состанокот со Виткоф и Кушнер: Ќе се сретнат и со европските партнери

6.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски по состанокот со Виткоф и Кушнер: Ќе се сретнат и со европските партнери

Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе одржат две сесии разговори во Киев за начините за завршување на војната во Украина, прво со украинската страна, а потоа и со европските партнери, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со Виткоф и Кушнер во Киев.

„Многу е важно што делегацијата пристигна тука. Долго време ги чекавме Стив и Џаред и му благодариме на претседателот Трамп што им дозволи да дојдат. Ова е важно од од гледна точка на безбедноста“, нагласи Зеленски, пренесува Укринформ.

Коментирајќи го фактот дека Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев со воз од Полска, а не со авион од Москва откако претходно се сретнаа таму со рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски рече дека „Русите покажаа со своите напади дека не можат да се користат авиони“.

„Сè подготвивме, нашите авиони работат“, рече тој.

Кушнер и Виткоф пристигнаа во Киев порано денеска со воз од Полска, каде што нивниот авион слета утрово по синоќешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Ова е прва заедничка посета на двајцата американски претставници на Киев од почетокот на војната во 2022 година.

Зеленски претходно изјави дека целта на Киев е посетата и разговорите со американската страна да бидат што е можно поконструктивни и суштински.

Специјалните претставници на американскиот претседател беа вчера во Москва, каде што се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.

Според медиумските извештаи, разговорот меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траел повеќе од три часа.

Путин вчера нареди да не се вршат напади врз Киев три дена почнувајќи од полноќ поради подготовката и одржувањето состаноци меѓу украинските и американските претставници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата