Зеленски утре ќе има средба со Свиреденко за да разговара за форматот и членовите на новиот кабинет, објави украинскиот јавен радиодифузер „Суспилна“, повикувајќи се на добро информиран извор од кабинетот на Зеленски.
Актуелниот премиер Шмихал би можел да седне на столчето на министерот за одбрана Рустем Умеров, кој ќе биде номиниран за функцијата амбасадор на Украина во САД.
Покрај Шмихал, кандидати за иден министер за одбрана се и министерот за внатрешни работи Игор Клименко и вицепремиерот и министер за дигитална трансформација Михаил Федоров.
Украинските медиуми претходно објавија дека кабинетот на Зеленски разгледува замена на Шмихал и некои министри и дека Свириденко е главен кандидат за функцијата премиер.
На маргините на Конференцијата за реконструкција во Рим, таа им изјави на новинарите дека сè уште не добила никакви понуди да го води кабинетот на министри.