- Им рековме, добро, ако не сте на наша страна, тогаш барем останете на средина. Значи, ако Русите не го прифатат целосниот прекин на огнот што го предложивте, сакаме да видиме дополнителни санкции. Тие не мора да важат долго, исто како што не траеше замрзнувањето на помошта во нашиот случај. Навистина очекуваме американската страна да ги преземе овие чекори, рече Зеленски во интервју за Тајм.
Тој зборуваше и за способноста на украинската армија да се одржи без помош на европските и американските сојузници и рече дека сè зависи од способноста на Киев да ротира трупи.
- Ако има прекин на огнот, некаква пауза, колку може да издржи армијата? Колку што е потребно. Но, им треба одмор, ротација, резерви, плати …, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека украинската армија во моментов е три пати поголема отколку што била во време на мир и дека буџетот на Украина не е доволен за нејзино финансирање.
- Мора да има посебни програми. Европа треба да го финансира тоа. Идеално Европа и Америка. Но, во сегашните околности, повеќе би се потпирал на Европа. Тие вистински веруваат, а тоа е факт, дека нашата армија е дел од безбедноста на цела Европа, рече Зеленски.
Тој исто така додаде дека е важно да се постигне договор што „ќе ја обедини земјата, а не да ја подели“ и дека тоа мора да биде договор за праведен мир.
Зеленски не ја исклучи можноста следната фаза за Украина да биде принуден мир или тој да биде „понижувачки“.
- Ако Украина, не дај Боже, биде оставена сама на себе, и ако нашите партнери, од која било причина, не бидат партнери, тогаш Украина ќе падне во депресија. Се бореше за сите нив и заврши сама, нагласи Зеленски. Тој рече и дека не верува дека тоа ќе се случи и дека тоа ќе биде предавство на украинските партнери.
- Шансите за тоа се практично еднакви на нула, заклучи Зеленски. /МИА