Заменик државниот секретар на САД во посета на Албанија, Косово и на Србија

8.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заменик државниот секретар на САД во посета на Албанија, Косово и на Србија

Како што е најавено, Верма во Приштина ќе разговара за нормализирање на односите со Белград преку дијалог со поддршка на ЕУ, зајакнување на управувањето и владеењето на правото и за промоција на економскиот раст и енергетската безбедност.

За време на посетата на Србија, Верма ќе го истакне растечкото стратешко партнерство меѓу САД и Србија во областа на енергетиката и други економски прашања. Тој ќе понуди поддршка за интеграција на Србија во европските институции, нормализација на односите со Приштина, зајакнување на владеењето на правото и поблиска билатерална соработка во воените и безбедносните прашања, се наведува во соопштението.

Верма ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан во нивните напори за продолжување на евроатлантските интеграции и подлабока регионална соработка./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата