Заканите на Трамп со царини за увозот на француско вино и шампањ се недозволиви и брутални, изјави министерката за земјоделство на Франција

20.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заканите на Трамп со царини за увозот на француско вино и шампањ се недозволиви и брутални, изјави министерката за земјоделство на Франција

Според неа, ваквите дејствија би погодиле сектор кој веќе се соочува со сериозни тешкотии.

- Заканата во оваа фаза е неприфатлива, со невидена грубост и очигледно не може да остане без реакција – не само од страна на Франција, туку и од целата Европска Унија, изјави Женевар во интервју за телевизијата ТФ1.

Претседателот на САД Доналд Трамп претходно изјави дека има намера да воведе царини од 200 проценти за француски вина и шампањи, како дел од пошироката закана со царини за европските земји кои се противат на неговиот план во врска со Гренланд.

На новинарско прашање за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се приклучи на Одборот за мир, Трамп рекол: „Дали го кажа тоа? Па, никој не го сака бидејќи многу наскоро нема да биде на функцијата“.

- Ќе воведам царини од 200 проценти за француските вина и шампањи, а Макрон ќе се приклучи на Одборот за мир, изјави Трамп.

Макрон вчера рече дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во тој мировен одбор. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата