Загина познат фотограф, кој работел во војната во екс Југославија- синот го прободел во вратот

16.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загина познат фотограф, кој работел во војната во екс Југославија- синот го прободел во вратот

Пол Лоу (60), фоторепортер кој известувал за конфликти, вклучително и од Босна за време на војната во поранешна Југославија, бил пронајден мртов на популарната планинарска патека на планините Сан Габриел на 12 октомври.

Лоу бил прободен со нож во вратот, соопшти полицијата.

Неговиот син Емир Лон (19) бил виден како вози од местото на настанот, а подоцна бил вклучен во сообраќајна несреќа неколку милји подалеку пред да биде уапсен, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Тој е обвинет за убиство и денеска се појави на прво судење во Калифорнија, соопшти окружното обвинителство на Лос Анџелес.

Фоторепортерот бил избоден со нож во 15 часот и 28 минути по локално време, јавува Скај њуз.

Полицајците кои реагирале откриле „возрасен маж кој страда од траума на горниот дел од торзото“, продолжи одделот на шерифот.

„Жртвата била прогласена за мртва на местото на настанот. Забележан е возрасен маж како се оддалечува од местото на настанот, а потоа учествувал во независен сообраќаен судир на неколку километри. Мажот е приведен во очекување на понатамошна истрага“, соопшти полицијата.

Одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, каде Лоу бил визитинг професор, рече дека наградуваниот фоторепортер „многу ќе им недостига“.

За време на неговата долга кариера, тој покривал ударни вести ширум светот, вклучувајќи го падот на Берлинскиот ѕид, ослободувањето на Нелсон Мандела, уништувањето на Грозни. Со својот објектив тој ја следеше и војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години, па неговите фотографии беа дел од изложбата „Лавиринтот на 90-тите“ во Историскиот музеј во Сараево.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата