Ексклузивен приватен авион за забава, сопственост на хотел во Дубаи, започна со комерцијални летови, а само еден час на овој авион ќе ве чини вас и вашите 15 пријатели 14.000 долари, пренесува simpleflying.
Во авионот се сместени до 16 лица, а за осум од нив се обезбедени удобни кревети, вклучувајќи и главен апартман со француски кревет. Исто така, авионот има комплетно опремена кујна и трпезарија за најмногу осум патници.
Други возбудливи погодности вклучуваат поврзување со голема брзина, овозможувајќи беспрекорни опции за пренос на еден од двата 55-инчни екрани во кабината, како и iPad Pro за секој патник, туш кабина и приспособливо LED осветлување за забава.
Авионот може да лета до 12 часа, со што се овозможува поврзување со Лондон, Париз, Пекинг, Сеул и Јоханесбург. Како што пренесува Блумберг, кружното патување од Лондон до Дубаи чини околу 195.000 долари или 12.000 долари по лице.
Дали се уште се бараат вакви летови? И покрај инфлацијата, побарувачката за луксузни летови се уште е на завидно ниво.
Гринпис забележа 572.806 приватни летови низ Европа во 2022 година, 64% повеќе отколку во 2021 година.