Врз учителка во Рим падна големо дрво и ја уби пред нејзините три деца (ВИДЕО)

24.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Врз учителка во Рим падна големо дрво и ја уби пред нејзините три деца (ВИДЕО)

Високото дрво, чемпрес, паднало врз жената и нејзината пријателка Алесија Анибале, која ѝ правела друштво на клупата во паркот. Дрвото било откорнато поради силниот ветер што го погоди италијанскиот град Коли Аниен, објави РАИ Њуз.

За жал, Франческа не успеала да преживее, а Алесија моментално е во тешка здравствена состојба. Мештаните на Коли Аниен се многу лути поради трагедијата што се случи и велат дека државата е единствена одговорна за ваквата несреќа.

Случајните минувачи велат дека паркот со години е напуштен и дека во околината го нарекуваат „дупката“ бидејќи е пониско од патот.

„Деца преку ден, наркомани навечер. Ова е паркот во кој што игравме порано, како деца, боли кога гледаме како изгледа сега“, вели Вирџинија (25). Нејзината баба Марија била меѓу првите луѓе кои истрчале да им помогнат на Франческа и Алесија.

Сепак, жените биле заглавени во гранките, згмечени, никој не можел да ги ослободи додека не пристигнале спасувачите со моторни пили и не го исечеа дрвото.

„Кутрите, толку големо дрво им падна, се обидов да го почувствувам пулсот на едната и немаше, другата се мрдна кога пожарникарите ја ослободија“, вели баба Марија.

Единствената мисла во тие моменти била да се оддалечат трите деца на Франческа,на 12, 10 и 6 години, и синот на Алесија. Малите постојано гледале во своите неподвижни мајки, кои не реагирале на нивните очајни крици.

Паркот со години е напуштен и неуреден, а како што вели Сабрина Алфонси, општинската советничка за животна средина, „за зеленилото никој не се грижи“.

„Згрозени сме, оваа трагедија го повредува цел Рим и мора да се расветли. Им изразувам најдлабоко сочувство до членовите на семејството“, изјави вчера градоначалникот Роберто Гуалтиери при посетата на местото каде што се случи трагедијата.

Обвинителството отвори истрага за убиство од небрежност и нареди на шумската полиција да ја провери состојбата на паднатото дрво.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата