Врховниот суд во Бангладеш парцијално го повлече контроверзниот систем за вработување во Влада

21.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Врховниот суд во Бангладеш парцијално го повлече контроверзниот систем за вработување во Влада

Врховниот суд во Бангладеш денеска парцијално го повлече контроверзниот систем за селекција на кандидати за работни места во Владата, што претставува делумна победа на учесниците во насилните студентски протести низ целата земја, во кои загинаа десетици луѓе.

Студентите, незадоволни од недостигот на фер услови за вработување, побараа укинување на системот на квоти со кој 30 отсто од работните места во јавниот сектор се резервирани за роднините на ветераните кои се бореле во војната за независност во Бангладеш во 1971 година.

По масовните студентски протести, Владата на Бангладеш го укина системот на квоти во 2018 година, но во јуни оваа година, Врховниот суд на Бангладеш повторно воведе квоти, што предизвика нов бран протести. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата