Врховниот суд на Бразил одобри судење против Болсонаро

26.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Врховниот суд на Бразил одобри судење против Болсонаро

Тројца од петтемина судии гласаа за судење против Болсонаро. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со казна затвор од над 20 години.

Судијата Алешандри де Мораис на денешното рочиште покажа снимки од насилниот упад во владините згради, што се случи една недела по инаугурацијата на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва во јануари 2023 година.

Болсонаро, кој ја водеше земјата од 2019 до 2022 година, е обвинет за пет кривични дела, меѓу кои и обид за насилно укинување на демократскиот поредок.

- Болсонаро систематски ја поткопуваше довербата во електронските гласачки машини во обид да ја дискредитира својата изборна загуба, рече на судењето судијата Мораис.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата