„Време е да се соочиме со фактите: ПРОПАДНА БРИСЕЛСКИОТ ПАКТ ЗА МИГРАНТИТЕ“

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Време е да се соочиме со фактите: ПРОПАДНА БРИСЕЛСКИОТ ПАКТ ЗА МИГРАНТИТЕ“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека заедничката гранична патрола на Србија и Унгарија неодамна била нападната со автоматско оружје и посочи дека насилството со мигрантите е во пораст.

Орбан во вторникот на платформата „Х“ (Твитер) изјави дека е време сите да се соочат со вистината дека бриселскиот договор за решавање на прашањето со мигрантите е неуспешен.

„Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи беше нападната заедничката гранична патрола на Унгарија и Србија, пукаа од автоматско оружје. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна. “ изјави Орбан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата