Вработените во Германија трошат дури 22 отсто од своето работно време на бирократски задачи

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вработените во Германија трошат дури 22 отсто од своето работно време на бирократски задачи

Менаџерите се жалат на значителните суми пари што треба да ги одвојат за персоналот поради зголемената бирократија и новите законски барања, изјави истражувачот на ИФО, Рамона Шмид.

Според неа, компаниите сметаат и дека зголемувањето на бирократијата е товар за конкурентноста и претприемничката слобода, како и дека тоа влијае на инвестициските одлуки на компаниите.

Правните регулативи во Германија стануваат сè покомплексни во последните десет години, а речиси 80 отсто од компаниите кои учествувале во истражувањето биле принудени да ангажираат надворешни даватели на услуги за да ги исполнат бирократските барања.

 Менаџерите проценуваат дека распределбите за бирократија изнесуваат во просек шест проценти од вкупните приходи од продажба, објавено е на веб-страницата на ИФО. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата