Возач на камион виси на 30 метри височина- чекал пет часа за да се случи чудо среде снежна бура (ВИДЕО)

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Возач на камион виси на 30 метри височина- чекал пет часа за да се случи чудо среде снежна бура (ВИДЕО)

Околу 6 часот наутро по локално време, пожарникарите од округот Мејсон биле испратени на местото на несреќата и кога пристигнале, виделе чудна глетка.

Кабината на камионот висеше од мостот, а внатре беше преплашен возач кој чекаше помош.

Властите веднаш го затворија патот и започнаа спасувачка операција. На местото на настанот беше испратен кран, а возачот потоа беше однесен на безбедно место со помош на јажиња. Напорната спасувачка операција траеше пет часа, но возачот не беше повреден, објави Њујорк Пост.

Несреќата беше предизвикана од лошите временски услови во Западна Вирџинија, каде што се случуваат дождови и снежни бури. Возачот на камионот ја изгубил контролата врз возилото на замрзнатиот пат, што резултираше со удар во оградата. Приколката остана на патот, а кабината висеше над мостот.

За среќа, сè завршило добро.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата