Воениот советник на Трамп: Се соочуваме со најголема закана со војна од 1945 година

24.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воениот советник на Трамп: Се соочуваме со најголема закана со војна од 1945 година

„Воените игри со сè повоинствената оска на моќ го ставија Западот во најголема опасност од крајот на Втората светска војна“, изјави Кин за Тајмс.

Заканата од директен конфликт со Русија поради војната во Украина ескалира во последните денови по одлуката на САД да му дозволат на Киев да истрела проектили со долг дострел длабоко во Русија, што ја натера Москва силно да предупреди на нуклеарна одмазда.

Кин, поранешен заменик-началник на американската војска, рече дека војната во Украина ќе остане главен приоритет на новата претседателска администрација, и покрај стравувањата дека Доналд Трамп би можел да ја повлече виталната американска поддршка за украинските воени напори.

Тој ја опиша одлуката на Северна Кореја да ги зајакне руските линии со свои војници како „најголема ескалација во војната“, предупредувајќи дека растечкиот сојуз меѓу Русија, Северна Кореја, Иран и Кина претставува „најсериозен и најопасен предизвик“ за Западот во речиси 100 години.

Кин, исто така, посочи дека рускиот претседател Владимир Путин може да се обиде да го зголеми бројот на војници на линијата на фронтот во Украина.

„Тој (Путин) не сака да оди на друга мобилизација од страв да не започнат протести. Тој нема да оди да регрутира во западна Русија каде што живеат образованите, тој оди во руралните области и сиромашните заедници и им дава пари да се приклучат. Избегнува национален повик затоа што знае дека ќе му се спротивстават“, рече Кин.

Кин истакна дека е за преговори, „кога тоа е во најдобар интерес“ на Украина, но дека верува оти Путин „не сака да преговара за договор“.

„Тој повеќе би сакал да ја земе целата земја“, предупреди Кин.

Украинското лансирање на американската ракета ATACAMS со долг дострел оваа недела, како и британската крстосувачка ракета „Storm Shadow“ во Русија за прв пат, што ја натера Русија да истрела експериментална хиперсонична балистичка ракета со среден дострел во Украина како одмазда, го зголемија влогот за опасноста од потенцијално избувнување на глобална војна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата