Елката беше пречекана од првата дама Меланија Трамп пред резиденцијата на американскиот претседател, објави Јаху.
Чак Џенсен го транспортирал дрвото од Висконсин во Вашингтон, нарекувајќи го еден од најголемите моменти во неговиот живот.
"Беше неверојатно, најдоброто искуство во мојот живот, без сомнение. Работам за FedEx Freight веќе 36 години и многу патував за тоа време. Ова е огромно, навистина огромно, најдоброто нешто што сум го направил", рече Џенсен.
„Знаете, татко ми служеше во војска. Двајца мои чичковци исто така служеа во војска. Мојот брат служеше, а јас служев. Значи, тоа е дел од нашата семејна традиција и можноста да ги претставуваме членовите на војската, особено оние кои се во странство во моментов и служат на својата земја и можеби не можат да бидат дома за Божиќ или Денот на благодарноста, за мене има посебно значење.
„Тоа ми значи се и им посакувам се најдобро, среќни празници и што побрзо да се вратат дома“, додаде Џенсен.
The official 2026 White House Christmas Tree is HERE! 🎄 @FLOTUS welcomes the 18-foot fir from Silent Night Evergreens in Endeavor, Wisconsin to the White House. https://t.co/KFtKCRDo4O
— The White House (@WhiteHouse) November 23, 2026
Официјалната елка за 2026 година ќе биде поставена во Сината соба за време на празничната сезона.
Дрвото беше избрано на 21 септември откако семејната фарма Чепмен победи на националниот натпревар за новогодишна елка. Ова е четврти пат како компанијата „Silent Night Evergreens“ ја снабдува официјалната елка на Белата куќа, по претходните избори во 1998, 2003 и 2017 година.
Традиционалната церемонија на пречек, предводена од првата дама, го означува почетокот на празничното украсување на претседателската резиденција.
Минатата година, официјалната елка на Белата куќа беше украсена со златни ѕвезди и симболи што ги претставуваат сите американски држави и територии. Со одликувањата беа почестени семејствата на војниците кои загинаа за време на должноста.

