Титулата ја доделува организацијата „Европска престолнина на демократијата“, а Виена, како и Барселона вторпат ја добива наградата.
Во процесот на селекција, Виена победи седум градови кандидати и во следните дванаесет месеци интензивно ќе се занимава со темата демократија и учество на граѓаните во одлучувањето.
- Титулата европска престолнина на демократијата е признание за заложбите на Виена на полето на демократијата и учеството на граѓаните во демократските процеси, но претставува и задача доследно да се продолжи и развива овој пат. Демократијата не се зема здраво за готово! Тоа е заеднички проект што треба да го обновуваме од ден на ден, истакна градоначалникот Михаел Лудвиг.
Во рамките на годината на демократијата ќе се обезбедат посебни средства за реализација на одредени проекти. Ќе бидат достапни 300.000 евра, а најавена е и изработка на „Демократската стратегија на Виена“ со учество на граѓанскиот сектор. Предвидени се и настани за меѓународна размена на различни модели на демократија. Дополнително, фокусот во голема мера ќе биде ставен на темата „Лажни вести“. /МИА