Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер

30.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер

Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката Потомак, јавија американските медиуми.

Се дознава дека во патничкиот авион Bombardier CRJ70 носел 60 патници.

-Има жртви, изјави доцна синоќа Тед Круз, сенатор од Тексас, пренесе Волстрит џурнал. Според претставници од авиоиндустријата и владата, во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Во воениот хеликоптер Black Hawk се наоѓале три лица.

Сударот се случил некаде пред 21 часот локално време, моменти пред слетувањето на патничкиот авионот. Леталата се урнале во реката Потомак.

За инцидентот бил информиран и претседателот Доналд Трамп.

-Господ нека ги благослови нивните души. Благодарност за неверојатните напори на нашите екипите за итна помош. Ја следам ситуацијата и ќе споделам повеќе детали кога ќе станат достапни, изјави Трамп.

Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата