Во тек е телефонскиот разговор Трамп - Путин

19.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во тек е телефонскиот разговор Трамп - Путин

Трамп и европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот по втората светска војна.   „Темите на разговорот ќе бидат запирање на крвопролевањето, во кое во просек гинат повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно, како и трговијата“, напиша Трамп на својата страница Truth Social.

Трамп денеска имаше и телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврди украинското претседателство, а од Белата куќа најавија дека по завршувањето на разговорот со Путин, американскиот претседател повторно ќе разговара со украинскиот колега Зеленски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата