Затоа е ветено повеќе средства за американските држави со повисоки стапки на наталитет, објави Си-Ен-Ен. Во исто време, движењето кое се залага за зголемување на наталитетот има сѐ повеќе поддржувачи.
Американскиот секретар за транспорт, Шон Дафи, кој има девет деца, неодамна даде приоритет на инфраструктурното финансирање за заедниците со повисоки стапки на наталитет.
US fertility rate dropped to record low in 2023, CDC data shows | CNN https://t.co/Do5yjLImTc pic.twitter.com/7kwmleiGg5
— Mike Sevilla, MD | SalemFamilyCare.com (@drmikesevilla) August 22, 2024
Овој потег предизвика загриженост во некои држави со пониска стапка на наталитет. Во меѓувреме, високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, постојано ги охрабрува луѓето да имаат повеќе деца и го нарече падот на наталитетот во светот за криза.
Јужна Дакота е на врвот на листата како држава со највисока стапка на фертилитет со 65,64 живородени на 1.000 жени на возраст од 15 до 44 години, а Вермонт е сојузната држава во САД со најниска стапка на плодност од 42,1, според податоците на ЦДЦ од 2023 година.