Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

6.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање на политиката на финансирање на климата; поголема соработка во јавното здравство; глобална реформа на мултилатералниот мировен систем и за активностите за подобрување на институционалната структура и кохезија.

На Самитот во Рио ќе присуствуваат претседателот на Бразил и на Јужна Африка Лула да Силва и Сирил Рамафоса, како и индискиот премиер Нарендра Моди.

Додека претседателот на Кина и на Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин нема да присуствуваат. Си поради други обврски, а Путин поради издадениот налог за апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење. Двајцата претседатели ќе се обратат преку видео врска. Руската делегација на Самитот во Рио ќе ја предводи шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а кинеската – премиерот Ли Чанг.

Земји-членки на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, Индонезија и Виетнам во јуни годинава. Додека земји-партнери се Белорусија, Боливија, Куба, Казахстан, Малезија, Нигерија, Тајланд, Уганда, Узбекистан.

БРИКС плус со 20 земји сочинува 44 проценти од глобалниот бруто домашен производ и 56 отсто од светската популација. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата