Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ги истражуваат вестите за убиени Палестинци додека чекале храна пред центрите за дистрибуција на помош.
Министерството за здравство вчера соопшти дека откако беше одблокирана дистрибуцијата на хуманитарна помош кон крајот на мај, убиени се 397 Палестинци, кои се обидувале да дојдат до храна, а над 3.000 се повредени.