Во Либан во текот на ноќта имало над 20 загинати во израелските напади

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Либан во текот на ноќта имало над 20 загинати во израелските напади

Девет лица, меѓу кои и пет деца, се убиени само во областа околу крајбрежниот град Сидон, соопшти либанското Министерство за здравство.

Во понатамошните бомбардирања на југот и истокот од земјата загинаа уште 14 лица, соопшти Министерството за здравство. 

Во Бејрут, едно лице беше убиено во напад врз автомобил.

Израелската војска одби да коментира конкретно за овие смртоносни напади, повикувајќи се наместо тоа на официјално соопштение во врска со нејзините неодамнешни операции насочени кон проиранската милиција Хезболах во Либан.

Во соопштението се наведува дека војската извршила „десетици бранови напади“ во Бејрут, долината Бека, на истокот од земјата, и во јужен Либан.

Се него се додава дека целите биле складишта со оружје и значајни средства на Хезболах, со цел дополнително ослабување на милицијата.

Израелската војска првично не даде никакви информации за потенцијални жртви.

Израелската војска дополнително изјави дека погодила клучен мост на реката Литани, во јужен Израел, опишувајќи го како „важен премин“ за членовите на Хезболах. Милицијата таму неодамна поставила ракетни лансери и истрелала проектили кон Израел, се додава во соопштението.

Израелската војска неодамна ги повика цивилите во оваа област да се евакуираат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата