Во Кина спасено девојче кое висело од прозорец на 12-ти кат (ВИДЕО)

21.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Кина спасено девојче кое висело од прозорец на 12-ти кат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил пред четири дена, утрото на 17 октомври, при што детето останало да виси од надворешната страна на зградата. Снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи.

Еден сосед го забележал детето, веднаш споделил фотографии во групниот разговор на станарите од зградата и повикал помош. На снимките се гледа како девојчето се држи за решетките со рацете. Службениците за обезбедување и вработените во зградата брзо реагирале, влегувајќи во стан на 11-ти кат – точно под оној во кој се наоѓало девојчето.

Двајца мажи се наведнале низ прозорецот и поставиле столче под детето. Тоа послужило како потпора, ја презело тежината на детето и го задржало на безбедно сè до пристигнувањето на пожарникарите.

Станарите изјавиле за локалните медиуми дека девојчето било само дома во моментот на инцидентот. Нејзиниот татко бил на работа, а мајката отишла во продавница додека детето спиело.

Се претпоставува дека девојчето се протнало низ решетките, по што главата ѝ заглавила.

По пристигнувањето на пожарникарите, девојчето било извлечено на безбедно и пренесено во болница на преглед.

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата