Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху

27.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху

Тоа доцна синоќа го соопшти израелското Министерство за правда, во кое се наведува дека истрагата ќе се фокусира на наодите од неодамнешниот извештај на програмата „Увда“ за Сара Нетанјаху.

Програмата откри низа пораки на ВотсАп во кои Сара Нетанјаху изгледа како да му наложува на поранешен помошник да организира протести против политичките противници и да го заплаши Хадас Клајн, клучниот сведок во судењето.

Во соопштението не се споменува Сара Нетанјаху по име, а Министерството за правда одби дополнителни коментари./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата