Пресудата за Гварамија уследи откако други четворица опозиционери добија слични казни.
- Пресудата е незаконска и е дел од обидот на Владата да го задуши секое различно мислење во Грузија, истакна адвокатото на Гварамија, Дито Саџагличвили.
Како и четворица други опозициски личности кои неодамна беа осудени на затвор, Гварамија беше прогонуван поради неговото одбивање да сведочи пред парламентарната комисија што истражува можни злоупотреби извршени за време на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили (2004-2013).
Саакашвили е во затвор од 2021 година и е осуден на вкупно 12,5 години затвор по разни обвиненија за проневера.
Грузија е заглавена во политичка криза по победата на партијата Грузиски сон на парламентарните избори во октомври 2024 година. Опозицијата не ги призна изборните резултати и од крајот на 2024 година секојдневно се одржуваат антивладини протести. Демонстрациите се интензивираа откако премиерот Иракли Кобахиѕе кон крајот на ноември соопшти дека Владата нема да бара отпочнување преговори за членство во ЕУ пред 2028 година. Владејачката партија Грузиски сон е обвинета за авторитаризам и за одвлекување на поранешната советска република од нејзиниот европски пат.