Според првичните информации, војниците од пешадијата загинале синоќа од експлозивна направа поставена покрај пат за време на копнена операција во Беит Ханун, на северот од Појасот Газа.
Уште 14 војници се повредени, од кои двајца сериозно. При обидот да се евакуираат повредените, израелските сили биле нападнати со оган, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Медиумот наведува дека единицата извршувала операција за чистење на подрачјето од преостанати милитанти.