Во Белгија уапсени седум луѓе, подготвувале терористички напад

25.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Белгија уапсени седум луѓе, подготвувале терористички напад

Според информациите на телевизијата, седумте лица, приведени при претреси на 14 станбени објекти во рамки на антитерористичка истрага, се осомничени за учество во активности на терористичка група, финансирање тероризам и подготовка на терористички напад, чија конкретна цел се уште не е утврдена. 

Претреси се извршени во домови во Антверпен, Сераинг, Синт-Јост тен Нод, Менен, Леополдсбург, Лиеж, Кортријк, Гент и Зонховен.  

Лишените од слобода, според ВРТ, во моментов се на распит пред истражен судија, кој по извршените разговори ќе треба да одлучи дали ќе им одреди мерка притвор. 

Белгиското Федералното обвинителство засега официјално не ги коментираше овие информации. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата