Влегол во авион без билет, па извел невидена измама: Не му приоѓајте

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влегол во авион без билет, па извел невидена измама: Не му приоѓајте

Тоа го направил така што се „гушкал“ покрај друг патник (на Запад го користат терминот tailgating), поминал безбедносни и контролни точки, сè до терминалот 5.

Пред да слета во Њујорк, Стурт уживал во бесплатна храна и пијалок во авионот на Бритиш Ервејс, пишува Дејли Меил.

Штом стапнал на американско тло бил приведен од вооружени обезбедувачи, а по основната проверка со чартер лет бил вратен во Велика Британија.

Во вечерните часови на меѓународниот аеродром Хитроу го чекале припадници на Метрополитен полиција, по што бил пренесен во болницата во Рединг.

Сепак, Штурт успеал да побегне од здравствената установа и оттогаш се трага по него. Ова се случило на крајот на јануари, кога е распишана официјална потерница.

„Кога последен пат е виден, носеше сива јакна, црна тренерка и бели патики. Ако го видите, не му приоѓајте. Јавете се на 999“, соопшти полицијата.

Тој е обвинет за повеќе кривични дела, вклучувајќи измама и влегување во авион без дозвола. Необичниот случај го отвори прашањето за безбедносните мерки во Британија.

„Неверојатно е што ова може да се случи. Нема смисла да се размислува што ќе се случеше доколку терорист неоткриен се качеше на летот“, цитираат британските медиуми неименувани безбедносни извори.

Портпаролката на аеродромот Хитроу рече: „Сите патници се предмет на безбедносна проверка, вклучително и лицата вклучени во овој случај. Ги поддржуваме властите во нивната истрага“.

А полицијата потоа објави: „Продолжуваме да работиме со нашите партнери за да ги разгледаме и подобриме веќе силните безбедносни мерки што се во сила“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата