Виткоф повторно кај Путин, ќе се сретнат утре во Москва

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Виткоф повторно кај Путин, ќе се сретнат утре во Москва

Во интервју за CNBS, Виткоф рече дека се очекува да „се сретне со Путин во четврток“ и дека „Русите бараат оваа средба“, што, како што изјави, е „значајна изјава од нивна страна“, објави Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес одби да открие детали за средбата во Давос меѓу шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) Кирил Дмитриев и специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, и американската делегација во која беа Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој објасни дека средбата била приватна и дека сите прашања поврзани со украинското решение биле дискутирани зад затворени врати, пренесува РИА Новости.

И руските и американските претставници ги пофалија резултатите од средбата, при што Дмитриев им кажа на новинарите дека руско-американските состаноци се одвиваат конструктивно, додека Виткоф ги нарече разговорите „многу позитивни“, соопшти агенцијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата