Видео18+: Брутално ликвидиран израелски криминалец среде бел ден

25.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео18+: Брутално ликвидиран израелски криминалец среде бел ден

Јушваев, кој беше семеен човек и татко на три деца, убиен е во момент кога земјата се соочува со растечки проблем со организираниот криминал.

Неговото убиство е снимено од безбедносните камери, пренесува „Телеграф“. На снимката се гледа како убиецот се качува по скалите кон влезот додека двајца мажи излегуваат.

Откако тие поминуваат, Јушваев излегува и почнува да се симнува по скалите. Тогаш убиецот му приоѓа одзади и пука во задниот дел од неговата глава. Јушваев паднал на земја, а напаѓачот побегнал пеш. Полицијата го опиша Јушваев како водач на криминална организација поврзана со заедницата на Евреи од Кавказ.

Со години тој избегнувал осуда бидејќи полицијата не успевала да собере доволно докази за да го поврзе со пукања, бомбашки напади и палење возила.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата