Видео: Во Лондон уапсен маж кој со автомобил удрил во оградата на Даунинг стрит

25.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Во Лондон уапсен маж кој со автомобил удрил во оградата на Даунинг стрит

„Околу 16:20 часот автомобил удри во оградата на Даунинг стрит во улицата Вајтхол. Вооружени полицајци уапсија маж на местото на настанот под сомнение за казнено дело и опасно возење“, соопшти полицијата. Во инцидентот нема повредени.

Се додава дека нема извештаи за повредени. Полицијата соопшти дека е отворена истрага за да се утврди што точно се случил. На местото бил поставен безбедносен кордон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата