Вчера, во раните утрински часови, САД извршија кратка, но решителна воена операција во Венецуела, при што го изнесоа од земјата претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.
Акцијата, според достапните податоци, траела помалку од 30 минути, а Мадуро потоа бил префрлен во воздухопловната база Стјуарт во државата Њујорк. Каракас е зафатен од неизвесност по веста дека САД го уапсија претседателот Мадуро.
Во страв од натамошниот развој на ситуацијата, жителите на главниот град на Венецуела трупаат основни прехранбени производи и се подготвуваат да останат во своите домови, додека дел од граѓаните размислуваат за можноста да ја напуштат државата.
Perp walked.pic.twitter.com/34iIsFUDdG
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) January 4, 2026
Официјалниот профил на Белата куќа објави видео на кое се гледа како агенти на ДЕА го носат Мадуро во притвор. На видеото, Мадуро е врзан со лисици додека оди покрај агентите и се обидува да зборува.
Мадуро сега е задржан во притворен центар во Бруклин, каде што го чека судењето за обвиненија за трговија со дрога и оружје, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат земјата до трансфер на власта и ќе ја преземат контролата врз огромните нафтени резерви на Венецуела.
Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја назначи потпретседателката Делси Родригез за в.д.претседател.

