Видео: Седум лица загинаа во експлозија во кинески ресторан во Авганистан

20.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Седум лица загинаа во експлозија во кинески ресторан во Авганистан

Авганистанските власти не ја соопштија причината за експлозијата, но претседателот на соседен Пакистан, Али Зардари во соопштение „го осуди бомбардирањето“.

Еден кинески државјанин и шест Авганистанци беа убиени, а меѓу повредените имаше четири жени и едно дете.

Експлозијата во ресторан во Кабул, во сопственост на Авганистанец и кинески државјанин и неговата сопруга, беше објавена и од кинеската државна телевизија CCTV, која соопшти дека двајца Кинези се тешко повредени и дека е убиен еден припадник на обезбедувањето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата