Видео: Нови банкноти со национални симболи претставени во Сирија

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Нови банкноти со национални симболи претставени во Сирија

Претходните банкноти носеа портрети на поранешниот претседател Башар ал-Асад, додека постарите изданија содржеа слики од неговиот татко Хафез ал-Асад.

Привремената влада на Сирија, исто така, соопшти дека новите банкноти ќе вклучуваат деноминација, при шти ќе бидат отстранети две нули, објави сириската државна новинска агенција САНА.

Зборувајќи на церемонијата на отворањето, ал-Шара рече дека прилагодувањето на валутата означува почеток на нова фаза за Сирија. Тој нагласи дека отстранувањето на нули од валутата само по себе нема да ја подобри економијата, туку ќе ги олесни секојдневните финансиски трансакции. Според него, економското закрепнување зависи од зголемување на производството, намалување на невработеноста и зајакнување на банкарскиот сектор.

Сирискиот лидер ги повика граѓаните да не брзаат со „размена на стари банкноти“. Тој рече дека постојната валута ќе биде заменета според утврден распоред, предупредувајќи дека прекумерната побарувачка може негативно да влијае на девизниот курс.

Привремениот претседател, исто така, ја нагласи потребата од борба против шпекулациите со валутите и враќање на довербата на јавноста во сириската фунта. Хасрија рече дека периодот на размена ќе трае 90 дена и може да се продолжи доколку е потребно.

Сириската фунта нагло се намали од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, губејќи повеќе од 99проценти од својата вредност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата