Видео: Масовен напад со дронови врз Москва. Има загинати и повредени, погодена рафинерија

20.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Масовен напад со дронови врз Москва. Има загинати и повредени, погодена  рафинерија

Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, соопшти дека биле соборени 249 беспилотни летала и дека избувнале пожари во неколку станбени згради и во еден магацин.

Во самата Москва била оштетена рафинерија за нафта, а два аеродрома вовеле ограничувања во сообраќајот, пренесува Би-би-си.

Денеска , Воробјов прецизираше на Телеграм дека 44-годишна жена загинала откако дрон удрил во трикатна зграда, при што биле повредени уште пет лица, меѓу кои и две деца.

Тој исто така потврди дека постар маж починал во погодената приватна куќа во областа Орехово-Зујево. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, извести дека дрон удрил во зграда во близина на градскиот булевар и потврди дека е оштетена рафинеријата за нафта.

Претходно, Собјанин соопшти дека 152 дрона биле соборени на пат кон Москва.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата