Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

14.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи патишта и железнички пруги среде една од најпрометните празнични недели во земјата, пренесува Ројтерс.

Јапонските власти потврдија четири смртни случаи, вклучително и лице заглавено во потопено возило. По едно лице сè уште се трага. Поради обемот на штетите, испратена е војска да помогне во спасувачките и санациските активности.

Според податоците на компанијата „Токио Електрик Пауер“ (Tokyo Electric Power), во петокот наутро повеќе од 22.000 домаќинства останале без електрична енергија. Во градот Чиба, една од областите што претрпеа најголеми штети, стотици луѓе ја поминале ноќта во привремени центри за евакуација, поставени во јавни објекти.

 Портпарол на аеродромот „Нарита“ изјави дека околу 7.000 луѓе останале заглавени во терминалот поради прекинот на сообраќајните врски. Тој додаде дека, сепак, се очекувало сите летови планирани за петок да полетаат навреме.

Од „Џапан ерлајнс“ (Japan Airlines) посочија дека се можни доцнења, но дека засега нема планови за откажување на летовите.

На снимките од јавниот радиодифузер NHK се гледаат стотици патници како спијат на подот од терминалот, покриени со ќебиња што им ги обезбедило аеродромското персоналот, заедно со храна и вода.

„Никогаш нема да го заборавиме ова патување“, изјави за NHK еден американски патник кој останал заглавен на аеродромот со своето семејство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата