Видео: Израел ја нападна иранската државна телевизија додека се емитуваше програма во живо

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Израел ја нападна иранската државна телевизија додека се емитуваше програма во живо

Кац додаде дека нападот уследил откако било евакуирано локалното население.

- Израел ќе го нападне иранскиот диктатор каде и да се наоѓа, посочи Кац.

Тој претходно иранската државна телевизија ја нарече „мегафон на пропаганда и поттикнување“ и оти е „на работ на исчезнување“.

На социјалната мрежа „X“ се појави и ведео од моментот на нападот на иранската телевизија додека се емитува програма во живо.

По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

На социјалните мрежи се појавија фотографии како гори една од зградите на иранската државна телевизија.

Засега нема информации за евентуални жртви.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата