Видео: Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана

1.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана

Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад.

Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.

„Имаше експлозија од непознато потекло“, изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион. 

Експлозијата се случила во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кантонот Вале за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите. 

Сликите објавени во швајцарските медиуми покажаа зграда во пламен и служби за спасување во близина.

„Операцијата е сè уште во тек“, нагласи портпаролот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата