Видео: Двајца загинати и 26 повредени во судар северозападно од Токио во кој учествувале повеќе од 50 возила

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Двајца загинати и 26 повредени во судар северозападно од Токио во кој учествувале повеќе од 50 возила

Несреќата се случила синоќа на излезната лента од автопатот Кан-етсу во Минаками, каде возилата, според полицијата, најверојатно се излизгале на замрзнатиот пат за време на снежните врнежи, објави јапонска новинска агенција.

Најмалку 10 возила се запалиле, а противпожарните екипи го гаснеле пожарот повеќе од седум часа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата