Вдовицата на Пригожин си го смени презимето, а не помина ниту месец од падот на авионот

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вдовицата на Пригожин си го смени презимето, а не помина ниту месец од падот на авионот

Системот SPARK забележува дека вдовицата на Пригожин сега се вика Љубов Валентиновна Крјажева, пренесува рускиот медиум Фонтанка. Информацијата за промена на презимето СПАРК ја добиле на 15 септември.

Нема информации кога е сменето презимето. Фонтанка наведува дека тоа е всушност моминското презиме на вдовицата на Пригожин. Поранешниот шеф на платениците имал три деца, син и две ќерки, но не се знае дали и тие го смениле презимето.

Вдовицата на Пригожин е фармацевт која е претприемач. Таа е сопственик на Агат ДОО, подружница на Конкорд Менаџмент и Консалтинг ДОО, компанија која беше во сопственост на поранешниот шеф на Вагнер. Да потсетиме, Пригожин на 23 август годинава загина во авионска несреќа во Тверската област во Русија. Сите десет лица кои биле во авионот загинале.

Два месеци пред падот на авионот, Пригожин започнал краткотраен, но добро поддржан бунт против режимот на Владимир Путин. Откако јавно ги критикуваше постапките на членовите на руското воено раководство и ги обвини дека ги нападнале вагнерите во Бахмут, тој нареди марш кон Москва.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата