Вашингтон не исклучува можност Зеленски да присуствува на состанокот Трамп-Путин во Алјаска

11.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вашингтон не исклучува можност Зеленски да присуствува на состанокот Трамп-Путин во Алјаска

 „Да, дефинитивно мислам дека е можно“, одговори американскиот дипломат во НАТО на прашањето на CNN за можната посета на украинскиот претседател на Алјаска, каде што Трамп и Путин треба да се сретнат на 15 август.

 „Секако не може да има договор освен ако сите вклучени страни не го потпишат. И, очигледно, апсолутен приоритет е да се стави крај на војната“, нагласи Витакер. Лидерите на Европската унија и европските сили вчера инсистираа дека и официјален Киев треба да учествува во преговорите меѓу САД и Русија.

 И Володимир Зеленски ги повика своите европски сојузници, вклучувајќи ги Франција, Германија и Велика Британија, кои исто така се исклучени од овие преговори, да дефинираат заеднички пристап.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Москва се обидува да ја „измами Америка“ пред претстојната средба меѓу претседателите на Русија и САД, додавајќи дека Киев инсистира на заострување на економскиот притисок врз Русија. 

Во своето вечерно обраќање, Зеленски рече дека „ја разбира намерата на Русите да се обидат да ја измамат Америка - и дека Киев нема да го дозволи тоа“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата