Трагедијата се случила вчера вечерта во мал спортски центар лоциран во 11-тиот арондисман на француската престолнина, изјави п олициски извор. Се претпоставува дека станува збор за објектот On Air, кој се наоѓа на булеварот Волтер,објави Гардијан.
Според првичните информации од истрагата, труењето најверојатно било предизвикано од истекување на азот од криокомората. Дваесетгодишна вработена во теретана починала на лице место.
Клиентка на центарот, на околу 30 години, е пренесена во болница и е во критична состојба.
Обвинителството соопшти дека истрагата е во тек. Медицинска помош побарале и три други лица кои биле во контакт со жртвите и се обиделе да пружат прва помош, изјави полициски извор.
Во моментот на трагедијата во салата имало околу 150 луѓе, а набрзо објектот бил евакуиран.
Телото на починатата е извадено од спортскиот центар покриено со бел чаршаф. Биле поставени паравани пред влезот на салата и покрај тротоарот за да се заштити местото на настанот.
Азот е безбоен и без мирис гас кој често се користи во криотерапијата. За време на сесијата со криокомора, лицето е изложено на температури под -100°C најмногу три минути, што се препорачува.
Застапниците на криотерапијата тврдат дека помага да се намали болката во мускулите, стресот, ревматизмот и разни кожни заболувања. Познати спортисти и познати личности го користеле овој метод како алтернатива на пакетите со мраз и бањите со ладна вода.
Сепак, многу експерти предупредуваат дека ефикасноста на оваа терапија не е медицински докажана и бараат дополнителни истражувања за нејзините краткорочни и долгорочни ефекти.
Диего Брисе (26) од Париз рече дека планирал да вежба во теретаната, но вчера вечерта му било кажано дека е затворена.
Тој изјавил дека никогаш не практикувал криотерапија.
„Секогаш ми велеа дека е опасно“, рече тој.
Криотерапијата веќе била предмет на внимание на јавноста во 2015 година во САД, кога една жена се замрзна до смрт во бања во Лас Вегас. Наводно, 24-годишната девојка сама влегла во криокомората после работното време за да ја ублажи болката, а нејзиното тело следниот ден го пронашол колега.